мај 8, 2026

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе потпише тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, објави ESPN.

Откако ја завршија кампањата, во првото коло, во плеј-офот, Лејкерси се одмараат, но и се подготвуваат за новата сезона каде што улогата на Лука Дончиќ на паркетот треба да биде подоминантна.

Словенецот полека се подготвува за Европското првенство, а пред тоа, тој ќе потпише тригодишен договор, бидејќи на 2. август се навршуваат шест месеци од трејдот.

Потоа ќе потпише нов договор тежок 165.000.000 долари, кое вклучува опција да ги слуша понудите од другите франшизи за сезоната 2028/29.

Откако Леброн Џејмс ќе се пензионира во одреден момент, Лука ќе стане лицето на оваа франшиза.

Досега, Дончиќ одигра 33 натпревари за Лејкерси со просек од 28,5 поени, 7,9 скока и 7,3 асистенции.

Share

The post Дончиќ ќе остане во Лос Анџелес appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK