мај 8, 2026

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот).

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.

Екипите на Претпријатието спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK