мај 8, 2026

Фудбалската репрезентација на Узбекистан се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико.

Во претпоследното коло, Узбекистан одигра 0:0 на гостински терен против Обединетите Арапски Емирати и со освоениот бод и математички обезбеди пласман.

Узбекистанците се втори на табелата од Групата А на азиските квалификации со 18 бода, четири повеќе од ОАЕ, кои ќе мора да одат во плејофот.

Ова ќе биде прв настап за Узбекистан на завршниот турнир на Светското првенство. На Азискиот куп, нивниот најдобар резултат досега беше четвртото место во 2011 година.

Меѓу попознатите играчи за оваа селекција, меѓу другите, се Абдукодир Хусанов (Манчестер сити) и Елдор Шомурудов (Рома).

Патем, покрај домаќините, досега на завршниот турнир се квалификуваа Иран, Јапонија, Аргентина и Нов Зеланд.

Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Share

The post Узбекистан избори пласман на Мундијалот во 2026 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK