Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек и оти со сигурност може да каже дека ќе имаат свој кандидат за Куманово – Максим Димитриевски кој е и актуелен градоначалник.
Насловна / Македонија
Објавено на: June 6, 2025
Максим Димитриевски повторно кандидат за градоначалник на Куманово
t
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек и оти со сигурност може да каже дека ќе имаат свој кандидат за Куманово – Максим Димитриевски кој е и актуелен градоначалник.
Promoted Content
Природен лек што ја отстранува болката во колената за 24 часа!
More…
667
167
222
-Во моментот преговорите се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои се уште траат преговорите, рече Филков во одговор на прашањето дали се преговара со ВМРО-ДПМНЕ за зааеднички настап на локалните избори.
Во однос на тоа дали ЗНАМ би поддржала една изборна единица, тој истакна дека се подготвени веднаш да одат на избори по било кој модел.
– Ние како ЗНАМ сме подготвени уште утре да има избори, сеедно со било каков модел. Со ова рапидно растење, со ова пристапување на членови и потенцијал, може и во недела да излеземе на избори со било кој модел, рече Филков на денешната прес-конференција на која инфомираше за формирање на градската организација на ЗНАМ во Скопје.
Тој не сакаше да навлегува во детали за измените на Изборниот законик, потенцирајќи дека денеска на прес-конференцијата е во улога на член на претседател на ЦО на ЗНАМ, но, најави дека во Министерството за правда со кое раководи, следната недела ќе има брифинг за сите тековни активности каде, како што рече, ќе биде направен пресек со осврт на реформскаата агенда.
Следете не, не има насекаде
