мај 8, 2026

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија


Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на социјалните мрежи се пофали дека денес нашол малку време, па на работното место следи фудбалски натпревар помеѓу Албанија и Србија.

Овој потег предизвика реакции кај јавноста, особено имајќи предвид дека лекарската професија бара целосна посветеност и внимание кон пациентите. Наместо да биде со стетоскоп во рака, Османи времето го поминувал со поглед вперен во екранот, следејќи ја фудбалската еуфорија.

Граѓаните со право прашуваат – дали лекарите треба да ги напуштаат обврските за да гледаат спорт, и дали важат исти правила за сите?

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK