мај 8, 2026

Жителите на Ѓорче Петров не сакаат три индустриски објекти хемиски фабрики на 157.000 m2 да се градат во општината, рече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во нејзиното најново видео обраќање.

„Во февруари 2024 година како град Скопје, не дозволивме и не дадовме согласност за градба на три индустриски објекти хемиски фабрики на 157.000 m2 и дополнително над 30 висококатници со кои ќе се пренатрупа за двојно повеќе бројот на жители дозволени согласно ГУП во тој дел на градот.Одлуката на општина Ѓорче Петров ја обжаливме уште тогаш до Уставниот суд затоа што хемиските фабрики ќе се градат во заштитната зона Нерези – Лепенец и бунарите од кои вода пие цело Скопје.

На 28 мај 2025 година, година и половина од нашата иницијатива до Уставниот суд, судиите одлучија да не ја разгледуваат иницијативата за оценка на Уставноста поднесена од град Скопје“ вели Арсовска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK