мај 8, 2026

На 14.06.2025 година во 21.00 часот во Полициската станица Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци кон село Дреново,  поточно пред крстосницата за Дреново, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Д.(68) од село Сирково, општина Росоман и трактор „ИМТ” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(67) од село Дреново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата Болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK