мај 9, 2026

Веќе традиционално четврта година по ред, фестивалот кој е предвесник на богатата културно забавна програма на Охрид, ќе се оддржи од 26 до 28 јуни, на кеј Македонија, пред хотелот Палас.

Три дена исполнети со македонска музика и преубаво вино и храна.

Тамара Тодевска, Ареа, Дац и Александар, Влатко Лозановски – Лозано, Брас Брадрс, Д Бекдор Бенд, Куку Леле, Камелеон и многу други изведувачи ќе ја надополнат и онака позитивната атмосфера на винско дегустирање и експлозија на вкусови.

Повеќе од 20 македонски винарии и вкусна охридска храна и деликатеси е тоа што овој фестивал го нуди на посетителите.

Покровител на настанот е Општина Охрид, а организатор на истиот е “Крафт продукција”.

Share

The post Тамара Тодевска, Ареа, Лозано и уште многу други на Ohrid Wine Festival appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK