мај 9, 2026

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од возилото, движејќи се по патот кај Стража, во близина на Гостивар.

Сцената предизвика згрозеност и бес кај јавноста. На снимката се гледа како телото на животното се влече по асфалтот, додека возилото продолжува да се движи без никакво запирање.

Засега не е познат идентитетот на возачот, но граѓани кои го снимиле случајот велат дека инцидентот е пријавен во полиција. Надлежните институции се повикани итно да реагираат.

Активисти за заштита на животните бараат најстроги санкции за сторителот, нарекувајќи го чинот „болен“, „суров“ и „понижувачки за сите кои се грижат за животната етика“.

⚠ Предупредување: Содржината на видеото е крајно вознемирувачка и непогодна за чувствителни лица.
Видео ТУКА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK