мај 9, 2026

На 8 јуни 2025 година, во срцето на Војводина – Нови Сад, соседна Србија, се одржа меѓународната велосипедска трка „Гран Фондо 2025“, која собра повеќе од 500 натпреварувачи од цела Европа. Трката вклучуваше две категории: Гран Фондо (100 километри со 1.500 метри искачување) и Медио Фондо (77 километри со 1.100 метри искачување), на кои учествуваа велосипедисти од различни возрасни категории и нивоа.

Во силна конкуренција, македонската велосипедистка Елена Петрова (31) заблеска со фантастичен настап. Со впечатливо темпо и совршена кондиција, таа не само што го освои првото место во женската категорија од 19 до 34 години, туку извојува и победа во генерален пласман кај жените, надминувајќи ги сите ривалки без оглед на возраст и искуство.

 

Со оваа победа, Петрова уште еднаш го потврди статусот на една од најперспективните велосипедистки во регионот, а воедно и испрати силна порака дека македонскиот спорт расте и чекори кон европската елита.

Овој триумф е значаен подвиг за македонскиот велосипедизам, инспирација за сите млади спортисти и гордост за целата спортска јавност.

Share

The post Македонската велосипедистка Елена Петрова триумфираше на „Гран Фондо 2025“ во Нови Сад appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK