мај 9, 2026

Горд сум што можам да објавам дека во рок завршивме уште една значајна инвестиција, а тоа е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,4 километри, инвестиција вредна 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈПДП.

Значењето на оваа регионална делница е исклучително важна затоа што претставува патна врска со Република Албанија. За жал, и покрај тоа цели четири децении се чекаше за рехабилитација, чекаа и локалните жители кои секојдневно го користат овој магистрален пат, но и добрите патници намерници кои сакаат да го видат бисерот над бисерите на Охридското крајбрежје, комплексот Свети Наум. За сите нив денес имаме побезбеден, попрегледен и рехабилитиран магистрален пат на кој извршивме и растеретување на косини од нестабилен карпест материјал и монтиравме заштитна челична мрежа.

🛣🚏🅿 Поставивме и комплет нова вертикална и хоризонтална сигнализација, нови сообраќајни знаци, извршивме означување на хоризонталната сигнализација (боење со патарска боја) и заради поголема заштита поставивме еластичната одбојна ограда. Инаку, ширината на магистралниот пат е променлива од 5 до 6 метри.

Ги подигнавме стандардите на безбедност во сообраќајот и обезбедивме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, го подигнавме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој во охридскиот регион.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK