декември 26, 2024

Велика Британија и Косово градат уште две бази на север, па до април ќе има шест полициски бази, а според овој план е предвидена и изградба на една воена база, на самата административна линија.

Пробивањето на меѓународната изолација на Приштина е еден од надворешнополитичките приоритети на Велика Британија и Германија.

Според „Политика“, силната воена поддршка на Лондон за развојот на КБС е забележлива во последните години и се одразува не само во обуката, туку и во подароците на модерно оружје, противтенковски системи и ракетни батерии.

Иако постоењето на оваа формација е спротивно на основата на Резолуцијата 1244, според која само КФОР може легално да работи на Косово, Велика Британија не се грижи за тоа и отворено го крши меѓународното право. И додека Берлин преку задната врата се обидува да го внесе Косово во Советот на Европа, Лондон прави се што може за да ја „оживее“ КБС преку воени мисии. А во деновите кога припадник на КБС пука и тешко повредува невооружени српски момчиња на Бадник, тензиите дополнително се зголемуваат – пишува во текстот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK