Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска ќе ја повика британската влада да ја признае „огромната штета“ предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија и да признае дека Брегзит не функционира.
– По две години негирање и избегнување, сега мораме да се соочиме со тешката вистина: Брегзит не функционира, вели Кан, долгогодишен противник на Брегзит, во говор во кој имале увид некои светски агенции.
Брегзит ја ослабе економијата, го наруши единството и го наруши угледот на земјата, се наведува во говорот и се додава дека штетата од Брегзит не е непоправлива.
– Ни треба поголемо усогласување со нашите европски соседи, вели Кан.
Поддршката за Брегзит никогаш не била толку ниска. Според анкетите, помалку од една третина од Британците веруваат дека тоа била правилна одлука.
Кан во текот на денот ќе и се обрати на британската бизнис заедница во лондонскиот финансиски кварт Сити.
Следете не, не има насекаде