Водителката Јована Пешиќ со години ја водеше емисијата „Гранд магазин“, па многумина беа изненадени, но и тажни од веста дека таа се повлекува од малите екрани.
Водителката пред неколку дена со солзи во очите се прости од студиото во кое минуваше часови и часови на работа и своите сакани колеги, а сега со семејството ја напушти земјата и замина во потоплите краишта.
Студените зимски денови во Белград ги замени за потопли на Малдивите, а на социјалните мрежи покажа колку ужива во друштвото на своите деца и сопругот и како тие заедно уживаат на прекрасните плажи.
Јована зад себе има долга и успешна телевизиска кариера, а гледачите ги освои со својата позитивна енергија, но и со насмевката, која дефинитивно е нејзин заштитен знак, но реши да се повлече од малите екрани и да се посвети на семејството кое е нејзиниот приоритет во моментов.
Да потсетиме, водителката кон крајот на 2022 година се прости од гледачите во емисијата во живо, по што колегите и приредија изненадување кое ја доведе до солзи.
Следете не, не има насекаде