мај 9, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран од Советскиот Сојуз, објави шефот на безбедносната и разузнавачка служба на Украина.

Генерал-потполковник Васил Маљук, директор на Безбедносната служба на Украина (СБУ), на затворен брифинг за домашните медиуми, детално го објасни планот што заеднички го осуетија украинската СБУ и полската безбедносна агенција ABW.

Според Малјук, Русија ангажирала човек со план да го убие Зеленски на аеродромот Жешов-Јашонка во Полска, користејќи дрон со камера од прво лице или снајперска пушка, објави TSN
Осомничениот со години бил лојален на советската идеологија и останал лојален на неа децении подоцна. Сепак, планот бил откриен на време и осуетен, објави „Њузвик“.

Зеленски беше цел на повеќе неуспешни обиди за атентат од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK