мај 9, 2026

На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Потоа е утврдено дека М.Ф. е осуденик од Казнено поправната установа Идризово, кој бил пуштен на викенд отсуство. При преглед кај него се пронајдени и одземени 551 таблети, мобилни телефони и други предмети кои се предмет на кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, а М.Ф. е спроведен до КПУ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK