Лицето Д.П киднапирал девојка во Сараево, ја силувал и ја држел во затвор со недели, буквално како робинка во стан.
За среќа мажот е уапсен.
Според информациите на порталот „Аваз“, маж со иницијали Д.П., речиси еден месец го чувал девојчето во станот, во населбата Вртови Риверин во Илиџа.
Девојката била ослободена бидејќи некако успеала да избега и да пријави во полиција.
Полициски службеници извршиле претрес во станот и автомобилот.
– ,,Можам да потврдам дека полицијата привела осомничен за кривично дело киднапирање, односно незаконско лишување од слобода и силување до Кантоналното обвинителство”, изјави Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на МВР на кантонот Сараево.
Тој истакна дека поради заштита на жртвата на силување не може да даде повеќе информации.
Станарите од зградата во која живеел насилникот се во страв.
Насилникот се претставувал како добар и фин со станарите.
Следете не, не има насекаде