мај 9, 2026

Вчера во 17.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода У.Б.(50) од Радовиш. Тој, истиот ден околу 15.40 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивниот малолетен син, при што им нанел телесни повреди, констатирани од лекар од Здравен дом Радовиш.

Како што соопштија од полицијата, лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По документирање на случајот против У.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK