мај 9, 2026

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за 2025 година, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката – дури 138.714. Големото финале започна во саботата вечер и траеше до раните утрински часови.

Во финалето учествуваа 20 кандидати, а Станишиќ триумфираше пред Елвис Мешиновиќ (второ место) и Зоран Ружиќ Ферари (трето место).



Станишиќ, роден во 2000 година, живее во Скопје и веќе настапува со свој бенд и надвор од Македонија. Особено внимание привлече со интерпретациите на македонски песни, кои ја воодушевија публиката и неговата менторка Цеца Ражнатовиќ. Таа јавно ја изрази својата наклонетост кон македонската музика, дури и заигра оро на сцената.

Во финалната вечер, Никола ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од ДНК, која ја посвети на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Share

The post Никола Станишиќ од Македонија победи на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK