мај 9, 2026

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари.

Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата.

Според Ангелов, институцијата сега располага со:
18 теренски возила „Пинцгауер“ со резервоари од 1.500 литри (се очекуваат уште 5),
15 оклопни возила БТР-80 со водни резервоари од 6 тона,

5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона.

Сите 43 возила се опремени со пумпи со млаз до 100 метри, што, како што беше демонстрирано на терен, значително ја зголемува ефикасноста при интервенции во шумски и теренски пожари.

„Владата располага со ресурси како никогаш досега, распределени преку различни институции. Ова е сериозен чекор кон посилна, поопремена и поефикасна државна одбрана од пожари“, порача Ангелов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK