мај 9, 2026

Во неделата, Никола Јокиќ уживаше во триумфот на неговиот коњ Арагорн на традиционалната трка во Србобран.

Иако е ѕвезда на НБА лигата и еден од најдобрите кошаркари во светот, Јокиќ, на свој карактеристичен начин, дојде на трката без гламур и помпезност.

Камерите на телевизијата Арена Спорт го фатија како се потпира на оградата, пие пиво, а потоа воодушевено ја слави победата на Арагорн.

Победата му донесе парична награда во износ од 44.000 динари. Јокиќ има договор со Денвер Нагетс вреден 235 милиони евра.

Според впечатоците на присутните, Јокиќ бил понервозен на хиподромот отколку што вообичаено може да се види за време на НБА натпреварите.

И сите знаат колку е силна љубовта на Јокиќ кон коњите и коњичките спортови.

Share

The post (Видео) Никола Јокиќ ја славеше победата на неговиот коњ во Србобран appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK