мај 8, 2026

На 08.07.2025 во 00.30 часот, во СВР Велес, извршен е службен разговор со малолетник од село Горно Оризари, велешко, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес.

Имено, во село Горно Оризари, додека управувал мотоцикл без регистарски ознаки, не запрел на даден знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи и удрил во еден од нив, а потоа и во паркирано патничко возило „шкода”, сопственост на Министерството за внатрешни работи, по што се дал во бегство.

По преземени мерки, малолетникот е пронајден, известен е јавен обвинител, а мотоциклот е одземен. По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK