мај 8, 2026

Почна изградбата на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на фудбалскиот клуб Шкупи во Чаир.

 

Игралиштето ќе има површина од 4644 квадратни метри, односно должина од 80 метри и ширина од 50 метри, опкружено со заштитни зони од по 3 метри од сите страни. Проектот ќе се реализира согласно меѓународните стандарди на ФИФА, со висококвалитетна вештачка трева, атмосферски систем за одводнување кој овозможува користење и при неповолни временски услови, како и целосно осветлување за употреба во различни делови од денот и вечерта.

 

 

Првиот вицепремиер Изет Меџити заедно со заменичк-министерка за спорт, Сафие Садики, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и пратеничката Фериде Хаџиу денес го посети стадионот и кажа дека инвестицијата претставува конкретен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Општина Чаир и создава подобри услови за тренинг и професионален развој на младите љубители на фудбалот.

„Нашата цел е да создадеме што повеќе простори и можности за нашата младина, поддржувајќи ги на нивниот пат кон успехот“, рече заменик-претседателот на Владата, Меџити.

 

 

Изградбата на игралиштето се очекува да заврши во рок од 45 до 60 дена.

Share

The post За два месеца стадионот во Чаир ќе има помошно игралиште, почна изградбата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK