мај 8, 2026

Вечерва со почеток во 19:30 часот пред спортската сала „Партизан“ ќе се одржи граѓански протестен собир под мотото „Партизан не го даваме“, во знак на отпор против одлуката на Владата да ја одземе од владение на Општина Карпош.

Одлуката на Владата предизвика бурни реакции во јавноста и локалната самоуправа, откако стана јасно дека просторот се одзема без образложение и без претходна консултација со општината, и покрај тоа што во 2019 година салата беше дадена на трајно користење на Општина Карпош.

Салата „Наум Наумовски – Борче“, во јавноста препознатлива како Партизан, е изградена во 1963 година и во изминатите децении била центар на ракометот, кошарката, боречките спортови и училишниот спорт. Граѓаните бараат таа да остане во сопственост на карпошани и достапна за локалната заедница.

На протестот се очекува да се обратат неколку спортски активисти, граѓани и советници. Организаторите ги повикуваат сите граѓани да излезат и со своето присуство да ја поддржат иницијативата, со јасна порака: „Јавниот интерес и локалната самоуправа мора да бидат почитувани“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK