мај 8, 2026

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево
.

Фирмата „Атеа Фемили“ ДООЕЛ од Делчево, со само пет вработени, добила тендер од Општина Делчево вреден 163.222 евра за изградба и реконструкција на улици, тротоари и патеки на територијата на општината.

Според договорот, објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, изведувачот е должен да започне со градежните активности во рок од 20 дена од денот на добиената нарачка, а доколку се работи за изградба на улици со должина до 200 метри, тие мора да бидат завршени во рок од 60 дена.

Ова не е прв пат фирми со ограничен број вработени и капацитети да добиваат јавни набавки од општините, што често ја отвора дебатата околу капацитетот за навремена и квалитетна реализација на проектите, но и транспарентноста на самите постапки.

Во моментот, не е познато дали „Атеа Фемили“ планира да ангажира подизведувачи или дополнителна работна сила за реализација на договорот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK