мај 8, 2026

Поранешниот норвешки олимписки скијач Аудун Гронволд почина во 49. година од животот откако го погоди гром, соопшти Скијачкиот сојуз на Норвешка.

Гронволд бил на излет во планинска колиба кога го погодил гром. Го пренеле во болница, каде бил лекуван од повредите, но починал во вторникот, на 15. јули.

Аудун освои бронзена медалја во ски крос на Зимските олимписки игри во Ванкувер 2010. година, а бронза освои и на Светското првенство 2005. во Финска. Исто така, се натпреварувал и во алпско скијање, каде што во 1999. година освои трето место во Светскиот куп во Шпанија.

Гренволд се повлече од натпреварување по Олимписките во Ванкувер и беше селектор на норвешката ски крос репрезентација од 2010. до 2012. година, а работеше и како телевизиски коментатор. Роден е во градот Хамер, северно од Осло, а зад себе ги остави сопругата и трите деца.

Фото: Принтскрин

Share

The post Норвешкиот олимпиец Аудун Гронволд загина од удар на гром appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK