мај 8, 2026

Кока-Кола се соочува со жестоки критики во јавноста, откако беше обвинета за дискриминаторски и исклучувачки ставови кон албанската заедница во Северна Македонија. Причина за тоа е најновата маркетинг- кампања на компанијата, „Сподели Coca-Cola”, која, според граѓански активисти и корисници на социјалните мрежи, целосно ја игнорира албанската популација – иако таа сочинува околу 30% од вкупното население.

На етикетите од производите кои се дел од кампањата се појавуваат исклучиво имиња насловени на Кирилица и со словенско потекло, вклучувајќи и имиња од торбешката заедница. Албанските имиња и латиницата се целосно отсутни. Дополнително, билбордите низ земјата се поставени главно во средини каде што Албанците се малцинство, како Штип, Струмица, Гевгелија, Дојран и Битола. Промотивните активности се одвиваат само на македонски јазик и во спомнатите градови.

Албанскиот јазик е службен во Северна Македонија, но Сoca-Cola, според критичарите, го занемарува неговиот статус и со тоа директно ги навредува 672.840 албански граѓани во земјата. Овие граѓани, велат

активистите, секојдневно придонесуваат за економијата како потрошувачи, работници и претприемачи — но се целосно невидливи за маркетинг-стратегиите на компанијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK