мај 8, 2026

На 14.07.2025 во 04:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром, скопско, настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило ‘мерцедес’, патничко возило ‘бе-ем-ве’ и мотоцикл ‘беверли’, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С. (32) од Скопје.

Но иако настанот се случи пред три дена, дeл од станарите за 24инфо.мк велат дека тие се уште не можат да се вратат во своите станови.

Според нив, пожарот во неделата наутро бил толку голем, што мора да се чека вештачење за да се види во каква состојба е статиката на зградата, а дополнително се уште има силна миризба на чад.

Истовремено од огнот, зафатени биле и делови од електричната инсталација и пластични цевки за одвод и довод.

На видеото подолу погледнете во каква состојба е еден од опожарените автомобили.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK