мај 8, 2026

Вчера попладне Противпожарната служба во Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето, стои во информацијата на „Пожарникари Струмица“ објавена на социјалните мрежи.

„При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице. Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани“, се наведеува во објавата.

Како што соопштија, причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK