мај 8, 2026

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет во атлетиката (AIU).

Чепнгетич во март била позитивна на забранет диуретик и супстанца која се користи за прикривање на употреба на допинг.

AIU наведува дека спортистката доброволно прифатила привремена суспензија додека трае истрагата за случајот.

Кениската атлетичарка го постави светскиот рекорд во женскиот маратон во октомври минатата година на маратонот во Чикаго, со време од 2 часа, 9 минути и 56 секунди, подобрувајќи го претходниот рекорд за речиси две минути.

AIU не прецизираше кога ќе биде донесена конечната одлука во нејзината дисциплинска постапка.

Share

The post Светската рекордерка во маратон привремено суспендирана поради допинг appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK