мај 8, 2026

Страхиња Јокиќ реши да го поддржи Денвер дури и кога неговиот брат Никола е во далечната Кина, а тој момент привлече огромно внимание и предизвика лавина од урнебесни коментари.

Страхиња се појави на натпреварот Денвер – Лос Анџелес Клиперс (81:76) и реши да седне веднаш зад клупата на „Нагетсите“ и да ја гледа првата победа на клубот во Летната НБА лига.

Ова можеби ќе поминеше незабележано доколку не дојдеше во зелена маица со два пантери што врескаа од неговите гради.

Страхиња редовно беше во фокусот на камерата поради својот стил, а урнебесните коментари се нижеа.

„Се чини неверојатно како Никола Јокиќ напредува секоја година на веќе историско ниво, но растот на неговиот брат Страхињ не заостанува многу“.

„Ова е она што Маркиф Морис го гледа во своите кошмари“, порача еден корисник.

„По осум натпревари од Летната НБА лига за два дена, мојот најголем впечаток е колку е голем Страхиња Јокиќ.“

Share

The post (Видео) Американците шокирани од изгледот на братот на Јокиќ: „Ова е она што Маркиф Морис го гледа во своите кошмари“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK