мај 8, 2026

Трагедија во АС камп Струга: Давеник почина и покрај обидите за реанимација

Тешка трагедија се случи денеска во АС кампот во Струга, каде едно лице на возраст од 40 години се удави додека се капело во водите на Охридското Езеро. Според првичните информации, настанот се случил во попладневните часови, кога присутните забележале дека лицето не излегува од водата и веднаш реагирале.

Од водата бил извлечен маж, по што веднаш започнала реанимација од страна на присутни лица и повиканите медицински екипи. За жал, и покрај сите напори, лекарите само можеле да констатираат смрт.

Причините за давењето ќе бидат утврдени по истрагата што ја спроведуваат надлежните органи. Настанот ги потресе присутните и повторно ја отвори потребата за зголемена претпазливост и присуство на спасувачи на капалиштата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK