мај 8, 2026

Foto/EPA

Олександар Усик (38) стана апсолутен шампион во тешка категорија по втор пат во својата кариера. Го нокаутираше Даниел Дубоа во петтата рунда и ја забележа 24-та победа во професионалнаат кариера. Како и во првиот меч од 2023 година, Усик го победи Дубоа со нокаут и повторно ги обедини четирите големи титули во боксот.

Олександр Усик го нокаутираше Даниел Дубов во петтата рунда од борбата пред повеќе од 70.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Усик го контролираше ритамот од почетокот на мечот, а клучниот момент дојде во петтата рунда кога два пати го нокаутираше британскиот предизвикувач.

По вториот нокаут, Дубоа не можеше да стане, па судијата ја прекина борбата на 1:52 пред крајот на рундата.

Со оваа победа, 38-годишниот Украинец уште еднаш ја потврди својата доминација во тешка категорија.

Share

The post (Видео) Усик го нокаутира Дубоа, стана апсолутен шампион во тешка категорија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK