мај 8, 2026

Марк Маркез ја продолжи доминацијата во кралската класа во Мото Гп шампионатот. Шпанецот во Брно, ја освои Големата награда на Чешка. Маркез ја забележа 96.победа во кариерата, а во Брно по 70.пат победи во кралската класа. Маркез стана првиот возач во историјата на Дукати со пет последовни победи.

На патеката во Брно, Маркез запиша рутинска победа, откако во осмиот круг успеа да го мине Марко Бецеки. Италијанецот, возач на Априлија, имаше брилијантен старт, од четвртото се проби на првото место, но против Маркез не можеше да се одбрани.

Големо задоволство по трката има и во таборот на КТМ. Нивниот возач Педро Акоста трката ја заврши на третото место. Ова е прв пласман на подиумот за него оваа сезона.

Разочара уште еднаш Франческо Бањаја. Трката ја започна од пол-позицијата, експресно ја загуби битката со конкурентите и не можеше подобро од четвртата позиција.

Зад Бањаја завршија Раул Фернандез, Фабио Квартараро и актуелниот првак Хорхе Мартин кој се врати по долгата пауза. За Мартин ова беше втората трка сезонава и први поени.

Foto/ EPA

Share

The post Доминација на Маркез во Брно appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK