мај 8, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на ваков реномиран меѓународен спортски настан претставува голема чест за државата.

Според неа, 4.000 спортисти-учесници ja манифестираат убавата страна на сегашноста, ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.

За претседателката, ова не е само врвен спортски собир, туку е симбол на младоста, генератор на заедништвото и солидарноста, креатор на европскиот културен и спортски дијалог, во кој спортистите не се претставуваат само себеси и своите земји, туку промовираат и спортско витештво, пријателство и фер однос и кога победуваат и кога губат.

Сиљановска-Давкова ги охрабри младите да продолжат да го развиваат олимпискиот дух, нагласувајќи: Верувам дека уште еднаш ќе покажеме и ќе докажеме дека сме хумани и добри домаќини, народ со страсна спортска публика, што знае да бодри, поттикнува и наградува.

Летниот европски младински олимписки фестивал се одржува од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово. На свеченото отворање, покрај претседателката Сиљановска-Давкова се обрати претседателот на Европскиот олимписки фестивал, Спирос Капралос, а беше изведена „Парада на делегациите“и танцова изведба од Националната опера и балет.

Share

The post (Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK