мај 7, 2026

Во срцето на Дебар Маало, центарци добија нов уметнички мурал посветен на легендарната детска емисија „Бушава азбука“, создаден по повод 40 години од првото емитување на овој едукативен серијал.

Автори на муралот се уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс, двајца истакнати креативци кои зад себе имаат децении визуелна и културна работа.

Свеченото отворање на муралот ќе се одржи на 31 август, кога симболично започнува и одбележувањето на четири децении „Бушава азбука“, проект кој остави трајна вредност во македонската култура.


Share

The post (Фото) Нов уметнички мурал на „Бушава азбука“ во Дебар Маало appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK