декември 27, 2024

Посетата на претседателот на шведскиот Парламент, Норлен, на Туркије на 17 јануари, е откажана од страна на претседателот на Собранието, Шентоп како одговор на провокациите на поддржувачите на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Стокхолм.

Претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, ја откажа официјалната посета на претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен, на Туркије планирана за 17 јануари, како одговор на провокациите на поддржувачите на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Стокхолм.

„Официјалната посета на претседателот на шведскиот Парламент, Норлен, на Туркије на 17 јануари, е откажана од страна на претседателот на Собранието, Шентоп, по повод терористичкиот акт на организацијата ПКК/ЈПГ против претседателот Реџеп Таип Ердоган и Туркије во Стокхолм, главниот град на Шведска“, се наведува во соопштението на турскиот Парламент.

Остри реакции на Туркије уследија откако приврзаниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ, собрани пред историската зграда на Градското собрание во главниот град Стокхолм, закачија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на столб пред зградата и ја споделија снимката на социјалните мрежи.

На снимката која се дели на профилите на социјалните мрежи поврзани со терористичката организација ПКК/ЈПГ, можат да се видат и закани упатени кон Туркије и Ердоган.

Финска и Шведска официјално во мај минатата година поднесоа барање за членство во НАТО, напуштајќи го повеќедецениското воено неврзување, одлука поттикната од руската војна против Украина.

Туркије, како важна членка на НАТО, изрази приговори, обвинувајќи ги двете нордиски земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички организации.

Во јуни, Туркије, Шведска и Финска потпишаа Меморандум на Самитот на НАТО за решавање на легитимните безбедносни грижи на Анкара, отворајќи го патот за конечно членство на Шведска и Финска во НАТО.

TRT Balkan 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK