септември 16, 2024

Косовскиот премиер Албин Курти даде интервју за австрискиот весник Стандард, а суштинска тема овојпат беа односите меѓу Приштина и Белград.

Косовскиот премиер смета дека Србија е причина број еден за сите проблеми на Балканот, а во опширното интервју се осврна и на Босна и Херцеговина.
„Путин зборува за Косово секоја недела. Тој е опседнат со Косово. Тој мисли дека Ирак и Авганистан биле неуспеси и мрази дека Косово е успешна приказна на НАТО“, изјави Курти за виенскиот весник.

Тој тврди дека Србија е под големо руско влијание и дека Белград ги смета Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово само за привремени држави.

„Србија ја игра улогата на Русија на Балканот. Таа ја гледа Република Српска на сличен начин како што Русија го гледа својот сосед Белорусија, односно како регион под нејзина контрола“, вели Курти.

Курти вели дека Србија со години е руска покраина и дека неутралноста на Србија е само фингирана.

Тој посочува дека во Белград се наоѓа регионалното седиште на рускиот медиум „Спутник“, а 56 отсто од српската нафтена компанија е во сопственост на Газпром, а 51 отсто од најголемото складиште за гас.

Она што ме загрижува е неутралноста на демократскиот Запад кон фингираната неутралност на Србија“, подвлече косовскиот премиер.

Тој потсети дека Србија не воведе санкции против Русија, не ја осуди војната против Украина, а СПЦ, како што наведува, не е солидарна со украинската црква, туку со онаа во Москва.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK