декември 27, 2024

Каталонскиот весник „Периодико“ вчера ја објави содржината на пораките на “WhatsApp“.

Каталонскиот весник „Периодико“ вчера ја објави содржината на пораките на “WhatsApp” кои кружеа во групите членови на управата на Барселона, а во кои жестоко беше навредуван Лионел Меси .

– Најлоши се уцените и грубоста на тоа хормонално џуџе кон сите нас кои работиме за клубот на кој му го должи животот – напиша членот на управата на Барса, Гомез Понти.

Не се споменуваше само Меси, туку се споменуваа и Жерар Пике, Серхио Бускетс, Жоан Лапорта. Тие беа навредувани на скандалозен начин, а сето тоа се случи во јануари 2021 година, кога излезе информација дека играчите имале проблем со челниците на клубот околу кратењето на платите поради кризата поради пандемијата на коронавирус.

Покрај Бартомеу, во групата беа и неговите соработници Оскар Грау, Гомез Понти, Ѓорди Моќ, Ориол Томас, Давид Белвер, Панчо Шродер и Хавиер Собрино.

Lionel Messi called ‘hormonal dwarf’ and ‘sewer rat’ by ex-Barca chief in leaked emailshttps://t.co/wjkBrLOd6v

— The Sun Football (@TheSunFootball) January 12, 2023

Понти беше доминантен во нападот.

Барто, не можеш да бидеш толку добар со овој канализациски стаорец. Клубот му даде се, а тој спроведува диктатура, се чуди на засилувања и трансфери, нови договори… Не можев да го сторам тоа – напиша Понти и му се обрати на Бартомеу, а потоа продолжи – Најлошо е уцената и грубоста на таа хормонална џуџе кон сите нас кои работиме за клубот на кој му го должи животот. Но, кога работите ќе тргнат наопаку, „размислувајќи на пандемијата на коронавирус“, добивате порака: Претседателе, спуштете ја платата на другите, но на мене и Луис Суарез не допирајте – се вели во е-поштата.

Пред нешто повеќе од една година Меси ја напушти Барса и потпиша за Пари Сен Жермен, а сега еден каталонски весник објави пораки од група на”WhatsApp” апликација во која меѓу соработниците беше и поранешниот претседател на „Блауграна“ Јозеп Марија Бартомеу.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK