декември 27, 2024

 Директорот на Ал Хилал, Фаед Ал – Мофариј, ја потврди денеска заинтересираноста за услугите на Лионел Меси, ден откако шпанските медиуми објавија дека саудискиот клуб е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер тригодишен договор вреден рекордни 900 милиони евра. 

„Го прашав Ал – Мофариј за можноста да го ангажира Меси. Ми рече: Сè е исто како и во случајот со Кристијано Роналдо. Не станува збор само за интерес на нашиот клуб, ова не е работа само за нашиот клуб. Сите саудиски клубови имаат иста цел, а тоа е голем исчекор на кој нè инспирираше нашиот министер за спорт“, објави на социјалните мрежи Еслам Магди од Дубаи. 

Меси има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона, а според француските медиуми, Аргентинецот постигнал начелен договор со клупското раководство да го продолжи договорот за уште две сезони за годишна заработка од 40 милиони евра.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK