септември 19, 2024
Шефовите на француската и на германската дипломатија, Кетрин Колома и Аналена Бербок, денеска ја започнуваат дводневната посета на Етиопија за поддршка на мирот во Тиграj, повеќе од два месеци по договорот со кој беше окончан конфликтот во тој регион.

За време на посетата што доаѓа непосредно откако бунтовниците од Тиграj почнаа да го предаваат тешкото оружје, министрите ќе се сретнат со премиерот на Етиопија, министрите за надворешни работи и за правда, како и со претставници на Африканската унија и активисти за заштита на човековите права.

Во текот на двете години од граѓанската војна, повеќе од два милиони луѓе беа раселени, а неколку стотици илјади се соочуваат со глад.

Пред заминувањето за Етипопија Катрин Колона рече дека целта на Париз и Берлин е да го поддржат „мировниот процес, борбата против неказнивоста и обновата на земјата“.

Министeрките сакаат да ја пренесат и пораката за подготвеноста на ЕУ за повторен ангажман во Етиопија, под услов да се почитува прекинот на огнот и да се воспостави механизам за транзициска правда.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK