мај 7, 2026

Познатата инфлуенсерка и ТВ водителка, Миа Костова, во „Претрес со Ландов“ зборуваше за здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, кој и натаму е на лекување во „Систина“. Посочува дека физички е многу подобар, како и дека ќе треба долго време за да зараснат изгорениците. На психичката состојба и натаму се работи.

Имам информација дека е многу подобар, дека како и за сите повредени во Кочани и за него ќе треба многу време за заздравување на изгорениците кои ги има на рацете. Малку поспорни се изгорениците на едната рака особено. Психички се надевам дека се држи, знам дека со него работи многу голем тим од психолози, психијатри, мислам дека, кај и да е треба да го очекуваме да излезе од болница“, рече Миа Костова за „Претрес“.

Костова посочи дека Панчо бил во кома, како и дека веста за загинатите, меѓу кој и Андреј, ја дознал денови по трагедијата.
Скопје1

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK