мај 7, 2026

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на третата спринт трка во сезоната, која се одржа во рамките на Големата награда на Белгија, 13-то коло од овогодинешното првенство во Формула 1.

Холанѓанецот ја оствари својата прва спринт победа годинава со предност од седум и пол десетинки во однос на Оскар Пјастре од Мекларен. Третото место на подиумот го освои другиот возач на британскиот тим, Ландо Норис, кој беше нешто помалку од седум десетинки од секундата зад својот соиграч. Интересно е што спринт трката во Спа е прва во историјата откако Кристијан Хорнер повеќе не беше шеф на тимот во Ред Бул, па Верстапен му донесе триумф на тимот на дебито на Лоран Маки.

Фото: принтскрин

Share

The post Холанѓанецот Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK