мај 6, 2026

На 02.08.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.И.(24) од Неготино.

По издадена судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес и ОВР Неготино, извршија претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 2 000 евра, мобилен телефон и зелена растителна материја.

З.И. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.08.2025 во 18:35 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци. 

По претходно издадена судска наредба, при извршен личен претрес кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја, а при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, зелена растителна материја, 21 семка и пакување со цветови од зелена растителна материја.

Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK