мај 6, 2026

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и веднаш скокнале во вода за да му помогнат.

Инцидентот се случил додека туристот бил во водата, а според првичните информации, можно е алкохолот да бил една од причините за губење на контролата и потонување.

Надлежните апелираат до граѓаните и туристите да бидат особено внимателни при капење, да не влегуваат во вода под дејство на алкохол и да се почитуваат безбедносните препораки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK