Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, е во напредни преговори со Панатиаикос во врска со организацијата на АТП турнир.
Како што објави грчката „СДНА“, турнирот од серијата АТП 250 треба да се одржи од 2 до 8 ноември во атинската „ОАКА Арена“.
Грчките медиуми пишуваат дека главна цел на јунската посета на Ѓоковиќ на грчката престолнина била префрлање на АТП турнирот од Белград во Атина.
„Како што е познато, односите на Новак со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беа нарушени по трагедијата во Нови Сад и поддршката на 38-годишниот тенисер за протестите против режимот. Поради ова, семејството на Ѓоковиќ ги виде и модерните можности на арената ОАКА“, пишува „СДНА“.
За сè беше информирана и Евролигата, со цел да се организира Панатинаикос да игра во други сали во текот на ноември додека трае турнирот.
Од 1994 година, тениски турнир од ова ниво не е одржан во Атина. За прв пат, спортски настан на високо ниво, кој не е кошаркарски натпревар, треба да се одржи во „ОАКА Арената“, која се наоѓа во рамките на Олимпискиот комплекс во Атина. Планирано е натпреварите да се одржуваат на тврда подлога, под која има LED екран, кој се користи и за време на натпреварите на Панатинаикос.
АТП турнирот во Белград досега се одржа двапати. Првото издание во 2021 година го освои Ѓоковиќ, кога беше подобар од Алекс Молчан во финалето, а второто издание се одржа во 2024 година. Тогаш победи Канаѓанецот, Денис Шаповалов.
The post Турниот од Белград Ѓоковиќ го сели во Атина appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
