мај 6, 2026

Иако беше дел од едно од најбогатите македонски семејства трагично загинатиот Душко Чифлиганец кој го загуби животот во мототрка во Чешка според луѓето со кои имал контакт како градител на станови бил скромен и ненаметлив човек.

Живееме во зградата Адора, една од најубавите згради во Скопје. Душко Чифлиганец доаѓаше како обичен работник секој ден во канцеларијата на Адора и беше скромен, обичен, тивок и неверојатно добро воспитан млад човек”, пишува Марија Пијанманов Плевнеш која додава дека Душко не се разликувал од вработените и бил едно со нив.

Често го забележував тоа прво и бидејќи сум многу прецизна во моите проценки, тој беше исклучителен млад човек, би рекла срамежлив, едноставно и со вкус облечен и многу тивок и зрачеше со напорна работа, посветеност и приземјеност, едноставно неверојатно за бизнисмен со висок статус.

Овој млад човек немаше ни трошка ароганција, а откако го среќавав во Скопје многу често во просторот на зградата Адора, забележав и одредена тага во неговото движење и постоење. Имаше тажни очи. Веста ме погоди силно. Се чувствувам неверојатно тажно”, пишува Пијаманова која изразува длабоко сочувство до семејството за смртта на младиот сосед.

На фотографијата Душко Чифлиганец со неговото дедо

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK