мај 6, 2026

Убав и радосен ден за Охрид и Лакочереј!
Денеска се освети црквата Св. Атанасиј Александриски во село Горно Лакочереј која сега стои како ново духовно светилиште, уште едно место каде што ќе ја зацврстуваме нашата вера.

Осветувањето го изврши Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј заедно со свештенството на епархијата.

Во името на сите верници од Општина Охрид за црквата подарив икона од Св. Атанасиј. Посакувам оваа црква да биде богата ризница на икони.

Нека ваквите моменти бидат се почести. Нека е за многу години и нека не чува и нека ни дарува здравје Св. Атанасиј!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK