Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го погребаа во модрици
Синоќа во Штип 53 годишниот некогашен угостител С.З со нож ја уби мајка си и заокружи една голема семејна трагедија од која малкумина знаат дека има поголема.
С.З долги години со насмевка, голема доза на хумор и широко срце ја менаџираше една од најпознатите штипски кафеани кај Градскиот саат. Но, во него влезе порокот алкохол, по што една по една стигнуваа големи животни хаварии. С.З ја изгуби кафеаната, а подоцна ја изгуби и куќата. Големите проблеми донесоа уште поголеми во кои психички најпрвин не издржа сопругата која С.З ја малтретирал на сите начини. Жената трипати правеше обиди за самоубиство по што е сместена на Психијатрија каде и почина.
Од жал за изгубената ќерка порано отколку што треба умираат и нејзините родители, а С.З се повеќе заглавуваше во алкохол и коцка.
Секојдневни жртви му станаа неговите родители, за кои сведоци велат дека бескрајно ги малтретирал и злоупотребувал. Полицијата постојано беше во нивниот дом, А неколкупати пред да замине во затвор родителите молеле да го ослободат. На крај татко му неодамна почина со модрици одсинот, а на мајка му животот насилно и заврши синоќа од раката на синот.
Тв Стар

