мај 5, 2026

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото, судејќи според нејзините објави на Инстаграм.

Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позираше на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.

Пред тоа, таа се пофали и со фотографии од плажа, покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време, Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.

Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светски шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на „непомирливи разлики“.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK